Веќе сите знаеме дека од голема важност е да пиеме по 2 литри вода дневно, со цел да го одржиме нашето тело хидратирано, да го прочистиме организамот и да ја негуваме кожата.

Но, денес ви откриваме во кои 3 случаи консумирањето на вода може да биде штетно за нашето здравје, при што најдобро е истите да ги избегнуваме колку што најмногу можеме:

1. Консумирање преумерено количество на вода

Иако можеби не ви се верува, но постојат луѓе кои консумираат прекумерено количество на вода. Преголемите количества на вода може да бидат штетни за самиот организам, при што може истиот да дојде до состојба на т.н водена интоксикација.

Не се препорачува да консумирате преголемо количество на вода во краток временски период, бидејќи тоа ќе придонесе до нарушување на рамнотежата на минералите во вашето тело. Чувството на гадење и безбојната урина може да бидат индикатор дека сте претерале со консумирањето на вода.

2. Веднаш по обилен оброк

Пиењето на вода за време на оброкот или веднаш по истиот може значително да го забави метаболизамот, а последиците од тоа се стомачната подуеност и замор.

Почекајте најмалку 20-30 минути по обилниот оброк, пред да испиете чаша вода, односно дадете му на вашето тело време да ја преработи внесената храна.

Во идеален случај, се препорачува да се пијат течности пред оброците.

3. За време на физичка преоптеретеност

Експертите не велат дека пиењето вода за време на тренинг не се препорачува, но физичката активност и потењето доведуваат до губење на електролити, кои не можете да ги надополните со вода. Всушност, пиењето на обична вода може само дополнително да ја зголеми загубата.

Се препорачува да пиете посебни напитоци богати со електролити, кои ќе го вратат електролитскиот баланс во вашето тело или како алтернатива, може да консумирате храна како банани, домати, суви сливи, портокали, авокадо, јаткасти плодови, риба и морски плодови.