Иако е тешко да се поверува, но дури и вашите најстари садови за готвење може повторно да изгледаа прекрасно и да заблескаат како нови, како првиот пат кога ги купивте.

За таа цел, не е неопоходно вашите раце да ги изложувате на контакт со тешки хемиски средства, туку едноставно да го употребите овој рецепт од 3 состојки, благодарение на кој, ќе ги добиете посакуваните резултати.

Домашно средство од 3 состојки за чистење на садови

Потребни состојки

  • 2 супени лажици 3% водороден пероксид
  • Половина шолја сода бикарбона
  • 1 кафена лажица средство за миење на садови

Начин на подготовка

Измешајте ги добро сите состојки заедно. Доколку е неопходно, може да додадете малку повеќе водороден пероксид.

Начин на употреба

Нанесете ја добиената смеса врз замастените делови од садовите. Оставете ја истата да отстои 10-15 минути, а потоа со триење, употребувајќи тврда четка, исчистете ја површината на садот и на крај исплакнете го истиот со топла вода.

Не заборавајте дека за време на процедурата, задолжително треба да носите заштитни ракавици.

На крај од постапката, вашите садови ќе бидат повторно како нови!