Кога зборуваме за пржено пилешко месо, веднаш на ум ни паѓа неговата златна крцкава и недоовлнио вкусна кора. За жал, не секој обожава да ја консумира истата, а дел од експертите ја означија како штетна.

Но, современите истражувања и светските нутриционисти конечо откриваат дека таа всушност е неверојатно здрава и еве 3 одлични причини зошто треба да ја јадеме:

1. Го зајакнува здравјето на срцето

Heart disease,Heart disease center

Не се откажувајте од пилешката кожа само поради мастите. Мононезаситените масти, консумирани во разумно количество се незаменливи за нашето здравје, бидејќи ја подобруваат клеточната структура и го зајакнуваат кардиоваскуларното здравје.

2. Повеќе протеини

Пилешката кожа не содржи само масти, туку и огромно количество на протеини, кое не треба да го занемаруваме. Дури и да внимавате на калорискиот внес, кожата од пилешкото месо нема да промени ништо. Воедно, на овој начин, нејзиното консумирање ќе придонесе за забрзување на вашиот метаболизам и за побрзо слабеење.

3. Природен зачин

Сама по себе, кожата при готвењето додава специјална арома и вкус на месото, без да мора да го зачинувате. Доколку пак во рецептот се бара и додавање на зачини, тогаш слободно употребете ги, но внимавајте јадењето да не биде премногу солено.