Масното ткиво е кожен израсток, кој може да се појави било каде на телото, а се состои од наталожени масни клетки. Истото претставува естетски проблем, кој не штети на здравјето на човекот.

Најчесто се јавува кај возрасните лице над 40 години, но нема некое строго правило, а може да се појави на главата, рацете, грбот, вратот или нозете.

За оние кои не сакаат да бидат подложени на хируршка процедура, денес ви откриваме 3 природни начини како лесно да го отстраните истото.

1. Брашно и мед

Од брашното и медот направете смеса со дебелина од 1 цм и соодветна големина за да целосно се покрие масното ткиво. Добиената смеса не треба да биде премногу леплива, а откако ќе ја нанесете на кожата, врз истата поставете хартиена крпа, за да не се лепи по вашата облека.

Оставете ја смесата да дејствува 36 часа врз масното ткиво, а потоа отстранете ја и направете нова смеса. По 7 дена, насоберениот гној сам по себе ќе истече од ткивото.

2. Прополис

Нанесете прополис на потребното место каде се наоѓа масното ткиво и практикувајате го овој едноставен домашен третман неколку дена по ред.

3. Жолчка и сол

Со оваа смеса може да го отстраните масното ткиво за 2-3 дена. Измешајте 1 жолчка со 2 супени лажици сол и нанесете ја смесата врз масното ткиво. Добро тријте го зафатеното место со смесата, 3-4 пати на ден.