Според статистичките податоци, 8 од 10 луѓе страдаат, а притоа без да се свесни од опасноста на нарушената функција на црниот дроб и прекумерените наталожени масни наслаги.

Масните наслаги најчесто се сконцентрирани во стомакот т.е под стомачните мускули, а притоа се наталожуваат околу внатрешните органи, нарушувајќи им ја функцијата.

Висцералните масти особено му причинуваат огромен товар на црниот дроб и се многу опасни за нашето здравје.

Прочистување на токсините

Се смета дека најголемото количество на масти се согорува токму во црниот дроб. Овој значаен орган го преработува и преобразува вишокот масти во холестерол, а потоа ги поттикнува да се придвижат кон жолчката, а од таму истите се насочуваат кон цревата. Вишокот на масти, добиени од лошата исхрана, се наталожуваат во клетките на црниот дроб, при што метаболизамот станува бавен, а телесната тежина се зголемува.

За да ги избегнеме овие несакани последици, потребно е да обратиме големо внимание на грижата за виталноста на црниот дроб. Најдобриот начин тоа да го направиме е да ја регулираме исхраната, но воедно постојат неколку природни решенија кои ќе го обноват црниот дроб и ќе ја вратат во нормала неговата функција.

Во продолжение следуваат токму рецепти за тие природни решенија т.е домашни напитоци кои ефикасно ќе се справат со токсините и масните наслаги, а вие ќе се чувствувате како нови!

Моќни домашни напитоци за прочистување на црниот дроб и топење на мастите

1. Млечен трн

Млечниот трн е уникатен билен хепатопротектор и ова растение се смета за број 1, кога станува збор за прочистување на црниот дроб во домашни услови. Напитокот од млечниот трн ќе ги заштити клетките на црниот дроб и ќе ја обнови нивната функција.

За да го подготвите истиот, потребни се 30 грама сомелени семиња. Истите полејте ги со 0.5 литри ладна вода и варете ги на слаб оган, додека нивната големина не стане помала.

Добиената смеса се разредува со 200 милилитри топла вода и така се консумира пред спиење.

2. Ѓумбир

За подготовка на овој напиток, потребно е да измешате 1/3 рендан корен од ѓумбир со 1 кафена лажица свежо исцеден сок од лимон и 1 кафена лажица мед. Поставете ја смесата да се вари 15 минути, а потоа истата консумирајте ја пред спиење.

Важно: Напитокот не се препорачува за луѓето кои страдаат од висок крвен притисок.

3. Цвекло

Цвеклото се лупи и се сече на големи кругови. Потоа истите се полеваат со 2 литри ладна вода. Смесата се вари, т.е оставете да зоврие и додека големината на цвеклото не се намали до 3 пати. Добиената смеса се консумира пред спиење, во количество од ¾ од една чаша.