Стомачните киселини се непријатна појава со која милиони луѓе се соочуваат секојдневно. Денес ви откриваме кои 3 едноставни домашни методи ќе ви помогнат веднаш да се ослободите од истите да се чувстувате пријатно за брзо време:

1. Гума за џвакање

Британско истражување открива дека џвакањето гума за џвакање 30 минути по вашиот ручек или вечера може значително да го намали нивото на киселините во желудникот.

2. Сода бикарбона

Измешајте малку сода бикарбона во чаша вода и така испијте го добиениот раствор. Истиот ќе ви помогне значително да се намали нивото на киселни во желудникот. Единствен недостаток е тоа што растворот не е многу пријатен на вкус.

3. Застанете исправено

Вашата положба исто така може влијае врз стомачните киселини. Доколку лежите или седите, веднаш станете и исправете се. Ако веќе стоите, обидете се да стоите што поисправено. Исправеното држење на телото става помал притисок врз долниот дел на хранопроводот, што помага да се запре киселината на желудникот да се издигне во хранопроводот.