Понекогаш е вистински предизвик да пронајдете рецепт за десерт, кој се приготвува супер брзо и лесно, а со кои ќе ги воодушевите децата, а токму вакво совршено решение е следниот брз чоколаден десерт во чаша со банани, кој не остава никого рамнодушен.

Брз чоколаден десерт во чаша со банани

Понекогаш е вистински предизвик да пронајдете рецепт за десерт, кој се приготвува супер брзо и лесно, а со кои ќе ги воодушевите децата, а токму вакво совршено решение е следниот брз чоколаден десерт во чаша со банани, кој не остава никого рамнодушен.
Вкупно време1 час
Оброк: Десерт
Кујна: италијанска
Клучни зборови: банани, чоколаден десерт
Порции: 4

Состојки

  • 500 мл павлака
  • 100 гр шеќер
  • 50 гр темно чоколадо
  • 2 банани
  • 2 супени лажици желатин
  • Половина шолја вода

Начин на подготовка

  • Растворете го желатинот во врела вода при непрекинато мешање и почекајте додека течност да достигне собна температура.
  • Излупете ги бананите и исечете ги на коцки и распоредете ги во чиниите.
  • Измешајте ја павлаката со шеќерот, а потоа постепено додадете го желатинот, додека непрекинато матите со миксерот.
  • Добиениот крем исипете го во чиниите и поставете го во ладилникот додека да се зацврсти. На крај декорирајте одозгора со рендано чоколадо.