Бубрезите се одговорни за бројни телесни функции, при што доколку овие органи функционираат правилно, тогаш тие филтрираат околу половина шолја крв на секои 60 секунди.

Филтрираната крв го поттикнува преминувањето на урината и притоа ги елиминира сите отпадни и штетни материи од организамот.

Покрај оваа значајна функција, бубрезите исто така го обновуваат здравјето на коските, произведуваат црвени крвни клетки и хормони, го регулираат крвниот притисок, го балансираат нивото на електролити и го спречуваат наталожувањето на отпадоци и вишок течности во телото.

Бубрезите содржат околку милион филтрирачки единици наречни нефрони, кои содржат 2 филтрирачки компоненти- гломерул и тубул. Гломерулот активно ја филтрира крвта, а потоа преку каналот се пренесуваат неопходните елементи во крвта, а истовремено се прочистува истата од непотребните и штетни материи.

Најчестите здравствени проблеми кои се јавуваат при бубрезите

  • Бубрежна инфекција: Инфекција се јавува поради распространувањето на бактериите во мочниот меур.
  • Цисти на бубрезите: Тоа се еден вид мали торби, исполнети со течности, кои растат и се развиваат на површината или во внатрешноста на бубрезите.
  • Бубрежен камен: Тој се образува кога во урината одредени материи се кристализираат и наталожуваат.

15 потенцијални скриени симптоми кои предупредуваат на здравствени проблеми со бубрезите

  • Ненадеен замор
  • Подуеност на стомакот
  • Крв во урината
  • Мускулни грчеви, предизвикано од дисбаланс на електролити и течности, проблеми со крвотокот или повреда на самите нерви
  • Чувство на трнење на мускулите
  • Зашеметеност
  • Потешкотии при уринирање
  • Промени во урината, како присуство на пена или промена на нејзината боја
  • Метален вкус во устата
  • Лош здив
  • Повраќање
  • Често уринирање
  • Нарушен сон
  • Слаб апетит
  • Чувство на чешање по рацете и нозете

4 корисни совети кои ќе ви помогнат да го подобрите и обновите здравјето на вашите бубрези

  1. Пијте многу вода
  2. Одржувајте умерена телесна тежина
  3. Избегнувајте ги цигарите
  4. Избегнувајте или ограничете ја употребата на лекарства, освен доколку истите не се строго препорачани од вашиот лекар