Доколку вашиот стомак постојано „кркори“, барајќи храна и правејќи ве да се чувствувате празно, гладот не секогаш е вистинската причина за тоа.

Постојат многу причини зошто никако не можете да достигнете чувство на ситост и постојано сте гладни, иако неодамна сте јаделе. Доцните ноќни посети на ладилникот, посакувајќи да изедете што повеќе храна, може да бидат едноставен знак дека држите неправилна диета или индикатор за некој здравствен проблем, при што преку чувството на постојан глад, вашето тело ве алармира дека е потребно да посетите лекар.

Еве неколку причини кои објаснуваат зошто постојано сте гладни и што да направите за да го спречите прекумерениот глад:

1. Консумирате премногу рафинирани јаглехидрати

Рафинираните јаглехидрати може да се најдат во преработената храна, особено тестенините, печивата и шеќерната храна. Недостатокот на растителни влакна го поттикнуваат вашето тело истите да ги вари брзо, при што гладот ​​веднаш настапува и чувството на исполнетост што доаѓа со изедената храна е само привремено.

Докажано е дека храната со многу влакна е потребно подолго време да се вари, затоа додавањето на влакна во вашето дневно мени е идеалното решение. Заменете ги рафинираните јаглехидрати со поздрава храна како зрна, кафеав ориз и зеленчук, наскоро ќе ја видите разлика во нивото на глад.

2. Дијабетес

Дијабетесот, особено дијабетес тип 2, е болест што може да ве натера да се чувствувате гладни цело време. Поради дијабетесот, гликозата која е нашиот извор на енергија останува во крвта наместо да се шири низ клетките. Ова ги прави луѓето да се чувствуваат постојано гладни. На многу познати личности, меѓу кои и Том Хенкс, им е дијагностициран дијабетес и сепак уживаат во прекрасен живот.

Чувството на глад е само еден од симптомите на дијабетес, кој може да се дијагностицира преку тест на крвта. По соодветен преглед, лекови и специјална диета, дијабетесот може да биде ставен под контрола, а чувството на глад да исчезне.

3. Вежбате многу повеќе од потребното

Ова е една од добрите причини поради кои честопати може да се чувствувате гладни. Доколку вежбате многу, согорувате многу калории и како резултат на тоа, вашето тело копнее по повеќе калории. Луѓето кои вежбаат редовно развиваат побрз метаболизам и поголем апетит.

Вежбањето е добро за нашето здравје, затоа фокусот треба да биде на тоа што и кога јадеме. Според експертите, оброкот со висока хранлива вредност пред вежбање ќе ги подобри вашите физички перформанси и исто така ќе ги минимизира можностите за оштетување на мускулите.

4. Примате одредени лекови

Зголемениот апетит исто така може да биде несакан ефект т.е последица од примање разни лекови заради одредени елементи што ги содржат. Најчестите такви се кортизол, инсулин, клозапин и оланзапин кои можат да се најдат кај лекови за дијабетес, антидепресиви или стабилизатори на расположението.

Доколку забележите дека вашата телесна тежина се зголемила или чувствувате значително поголем глад по земањето на нов лек, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар и да разговарате дали е можна промена на вашиот третман или да најдете друг начин за контрола на несаканите ефекти.

5. Премногу стрес (емоционално хранење)

Познато е дека постојаната вознемиреност има сериозни ефекти врз нашето здравје и зголемувањето на апетитот е едно од нив. Консумирањето храна во стресни ситации (или емотивно хранење) е вообичаено нарушување кое докажува колку вишокот стрес е поврзан со нашето чувство на глад. Научно гледано, анксиозноста предизвикува зголемување на хормонот кортизол и доведува до прејадување и желби за консумирање на нездрави закуски.

Стресот е фактор на ризик за дебелина и треба истиот да се третира навремено. Терапија, медитацијата и вежбање се едни од начините кои може  да ви помогнат да ја вратите вашата рамнотежа и самоконтрола и да избегнете емоционално прејадење.

6. Јадете премногу брзо или кога сте расеани

Во нашите зафатени брзи животи, многумина од нас избираат да јадеат брзо, притоа додека истовремено извршуваат и други работи. И покрај тоа што така можете да заштедите време, оваа навика воопшто не е добра за вашето здравје. Експертите велат дека расеаното и брзо хранење негативно влијае на нашето ниво на апетит, бидејќи ги зголемува калориите што ги добиваме и доведува до зголемување на телесната тежина и повторно постојана желба за секаква храна.

Затоа од голема важност е да ги консумирате оброците правилно и во соодветно време, без брзање. Одвојте време да седнете и да јадете без да се расејувате, внимателно џвакајте и уживате во секој залак. На тој начин вашето тело побрзо ќе се засити и притоа исполнетоста ќе трае подолго време.

7. Хипертироидизам (хиперактивна тироидна жлезда)

Хипертироидизамот е нарушување на тироидната жлезда, жлезда која го контролира нашиот метаболизам преку хормонит. Овие хормони се ослободуваат во крвотокот и го контролираат метаболизмот. Да се ​​има премногу активна тироидната жлезда значи дека оваа жлезда произведува хормони во многу поголемо количество од потребното. Зголеменото чувство на глад се дел од симптомите.

Хипертироидизамот лесно се дијагностицира и може да се третира или со лекови кои го нормализираат нивото на хормоните или, во крајни случаи, по хируршки пат.

8. Недостаток од сон

Никогаш не го потценувајте квалитетот на убавиот сон. Грелин е таканаречен „хормон на глад“ кој го контролира чувството на апетит во нашиот мозок. Недостатокот од сон влијае многу врз организамот, бидејќи го зголемува нивото на грелин и, како резултат на тоа, создава прекумерено чувство на глад.

Одржувањето на постојан распоред за спиење со најмалку 8 часа квалитетен сон ќе ви помогне да ги контролирате нивоата на хормоните и да се чувствувате подобро во целост.

9. Предменструален синдром (ПМС) или менопауза

Компулсивното хранење е всушност вообичаен симптом кај жени кои доживуваат предменструален синдром (ПМС). Во текот на деновите додека трае циклусот, жената може да има поголем апетит и поинтензивни желби за храна од секој вид. Од друга страна, истата работа може да ја доживеат и жени кои минуваат низ менопауза поради хормонални промени и особено намалување на естрогенот, што доведува до зголемување на гладот.

Придржувањето до опциите за здрава храна, како овошје и зеленчук, пиење многу вода и вклучување на вежбање во животот ќе ви биде од огромна корист. Во случај на сериозен проблем, секогаш треба да консултирате со вашиот лекар, кој може да ви препорача соодветен третман преку специјална диета.

10. Бременост

Исто така, постои и можност за бременост. Во овој случај, вашето тело копнее по повеќе храна од една едноставна причина: На вашето бебе му се потребни повеќе хранливи материи за да расте и се развива здраво. Зголемениот апетит може да биде еден од симптомите на бременоста, меѓу другите, како нередовен циклус и чувство на гадење.

Истражувањата покажуваат дека 50-90% од бремените жени се соочуваат со постојана желба за храна. Тестот за бременост ќе потврди дали ова е причината зошто ги доживувате ваквите желби. Доколку причината е навистина бременост, тогаш лекарската консултација може да ви помогне да го контролирате вашиот глад и да ви се препорача специјално мени, кео ќе ви помогне да го избегнете зголемувањето на телесната тежина.

11. Консумирање премногу алкохол

Алкохолот сериозно влијае на нашиот апетит. Според експертите, алкохолот го намалува лептинот, хормон кој е одговорен за нашето чувство на ситост, особено кога се конзумира пред или за време на оброкот. Прекумереното пиење на алкохол се смета за фактор на ризик за дебелина.

Доколку не можете целосно да го исфрлите алкохолот од вашиот живот, тогаш обидете се да пиете одговорно.

12. Не пиете доволно вода

Постојат толку многу причини зошто пиењето вода е добро за нашето здравје, вклучително и за здравиот дигестивен систем, срцето, мозокот и здравата кожа. Водата помага и во намалување на чувството на глад. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои пијат вода пред оброк, внесуваат помалку калории, но се чувствуваат исто толку сити.

Иако можеби звучи чудно, нашиот мозок понекогаш може да помеша чувството на глад со чувството на жед. Затоа, добивањето соодветна хидратација е навистина важно. Вклучување повеќе храна богата со вода, овошје и зеленчук во вашите оброци, исто така, ќе ви помогне да го намалите чувството на глад.

13. Недостаток на масти во вашата диета

Не добивањето доволно масти преку вашата диета или исхрана исто така може да биде причина за постојан глад. Кога консумирате масни производи, го забавувате гастроинтестиналниот тракт време на разните процеси, што во основа значи дека храната останува подолго во стомакот и тоа доведува до зголемување на чувството на ситост.

Бројни истражувања докажаа дека луѓето кои постојано консумираат производи со малку маснотии имаат повеќе континуирано чувство на глад од луѓето кои редовно практикуваа полномасна диета. Едноставно вклучете  риба како лосос и туна, јајца, маслиново масло и други здрави извори на масти во вашата диета и избегнувајте производи со мала застапеност на масти.

14. Не добивате доволно протеини

Недостаток на протеини во вашата исхрана може да биде друга причина зошто имате апетит кој постојано е „активен“. Одредени делови во протеините помагаат да се намали нивото на хормоните што предизвикуваат глад, при што се создава чувство на ситост. Затота спортистите избираат диета богата со протеини, бидејќи таквата хран помага при контролирањето на телесната тежината и го подобрува нашиот метаболизам.

Други истражувања покажаа дека луѓето кои јаделе повеќе протеини во текот на денот, значително помалку размислувале за храна. За да го добиете потребниот протеински внес, вклучете производи од животинско потекло, како месо, риба и јајца, а исто така и млечна храна, одреден зеленчук и интегрални житарки во вашето дневно мени.