Овој домашен напиток потекнува од рецептите на народната медицина, за чија моќ и ефиканост доказ е самото време. Напитокот се прави од 100% природни состојки, а ги прочистува артериите од токсини, хемикалии и ги отстранува масните наслаги, кои му штетат на нашето здравје.

Покрај тоа, ова лекарство делува превентивно, при што го штити организамот од настинки и грип, го прочистува црниот дроб и значително го намалува дејството на слободните радикали.

Уникатната комбинација од природните состојки воедно го забрзува метаболизамот и ги поттикнува дигестивните процеси во телото, што автоматски доведува до ефект на слабеење. Еве како да го приготвите уште денес во домашни услови:

Моќен напиток за целосно обновување на телото

Потребни состојки

  • 8 чешниња лук
  • 8 лимони
  • Корен од ѓумбир (4-5 цм)
  • 4 литри вода

Начин на подготовка

Измијте и добро излупете го ѓумбирот, а потоа исечете го на мали парчиња. Истото направете го и со лукот. Следно, отстранете ја кората од лимоните и поставете ги сите состојки заедно во блендер и сомелете ги до добивање на соединета смеса.

Потоа, во тенџере налејте вода и во истата додадете ја претходно добиената смеса. Така, истата поставете ја да се вари на тивок оган. Кога смесата ќе започне да врие, кренете ја од оганот и оставете ја на страна, за да се излади.

Откако смесата ќе се излади, прецедете ја и складирајте ја во стаклено шише или тегла.

Добиениот напиток консумирајте го најмалку 2 часа пред секој ваш оброк и по неколку голтки на гладно.

Резултатите при вашиот изглед ќе бидат видливи за краток временски период.