За најголемите чудовишта на домаќинството- ‘рѓата и прашината, потребно е многу време и труд да се ослободиме од истите.

Сепак, паметните умови секогаш победуваат со користење генијални трикови. Од отстранување на незгодните загорени дамки од пепелниците и пресата за коса, до неочекувани начини на чистење стакло и прашина во малите дупки во вашиот автомобил – треба секогаш да бидете подготвени.

Денес ви откриваме токму вакви 10 брилијантни трикови со кои ќе заштедите време, пари, а дефинитивно и нерви!

1. Претворете ги вашите стари садови за печење да изгледаат како сосема нови

Што ви е потребно:

  • Сода бикарбона
  • Хидроген пероксид

Што е потребно да направите:

  • Посипете малку сода бикарбона околу површината на валканиот сад, а потоа истурете малку водород пероксид за на влажната површина се формира паста.
  • После ова, посипете уште малку сода одозгора и оставете ја да отстои неколку часа или повеќе.
  • Измијте ја пастата и уживајте во новиот и обновен сад за печење.

2. Ослободете се од тврдокорните дамки од чај

Што ви е потребно:

  • Сода бикарбона
  • Детергент
  • Вода

Што е потребно да направите:

  • Измешајте малку сода бикарбона и детергент во шолјата за чај.
  • Додадете врела вода во смесата.
  • Почекајте 5 минути и измијте ја шолјата.

3. Исчистете ја прашината од мрежите на прозорците

Што ви е потребно:

  • Леплив ролер

Што е потребно да направите:

Едноставно употребете го ролерот над површината што има прашина, врз деловите каде има пајажини и слично.

4. Употребете чорап и чаша за да ги исчистите тешко достапните држачи за чаши во вашиот автомобил

Што ви е потребно:

  • Чорап
  • Тркалезна чаша што одговара на држачот за чаши на вашиот автомобил
  • Раствор за перење

Што е потребно да направите:

  • Ставете чорап над дното на чашата.
  • Испрскајте го растворот за перење врз чорапот.
  • Ставете ја чашата со чорапот во држачот за чаши на автомобилот и превртете ја неколку пати за да ја извадите прашината.
  • Повторете неколку пати додека држачот на чашата не е чист.

5. Отстранете ги старите дамки од вашиот тепих

Што ви е потребно:

  • Топла вода
  • Амонијак
  • Шише кое функционира како спреј
  • Крпи
  • Пегла

Што да е потребно да направите:

  • Загрејте ја пеглата.
  • Во спреј- шише, измешајте амонијак и топла вода во сооднос 1: 1. Протресете ја смесата за да ги измешате состојките заедно.
  • Испрскајте ја смесата врз дамката, поставете крпа одозгора и притиснете ја со топлата пегла.
  • Придвижете ја пеглата, а потоа проверете дали ќе се отстрани дамката. Ако не – испрскајте уште малку смеса, покријте со крпа и продолжете ја постапката со пеглата
  • Повторете неколку пати користејќи нови крпи – можеби ќе бидат потребни 2-3 крпи за да се отстрани дамката.

6. Лесно исчистете го истурениот восок

Што ви е потребно:

  • Весник
  • Пегла

Што е потребно да направите:

  • Загрејте ја пеглата на најниска температура.
  • Покријте го зацврстениот, истурен восок со парче весник.
  • Поставете ја затоплената пегла на врвот на весникот и почекајте неколку секунди.
  • Штом восокот ќе се стопи, кренете ја пеглата и избришете сè со весникот.

7. Брзо исчистете го блендерот

Што ви е потребно:

  • Топла вода
  • Средство за миење садови

Што е потребно да направите:

  • Истурете топла вода во валканиот бледнер и додадете неколку капки од средството за миење садови.
  • Ставете го капакот одозгора и вклучете го блендерот.
  • Почекајте неколку минути и истурете ја смесата надвор.
  • Измијте го уште еднаш со малку вода.

8. Брзо решение за ефикасно отстранување на дамки од боровинки

Дамките од бобинки, овошните сладоледи и зеленчукот лесно можат да се отстранат со само вода.

Што ви е потребно:

  • Тенџере
  • Врела вода

Што е потребно да направите:

  • Наполнете го тенџерето со многу вода и истата потребно е да зоврие.
  • Облеката на која се наоѓаат дамките, поставете ја на врвот на друго тенџере, кое треба да биде празно.
  • Откако водата ќе зоврие, полека почнете да ја истурате врз дамките.
  • Колку е поголема дамката, толку повеќе вода можеби ќе ви треба. Дамките постепено ќе исчезнат додека истурате вода врз нив.
  • Откако ќе завршите, ставете ја облеката во машината за перење.

Совет: Оваа постапка треба да се направи пред да ја исперете облеката во машина за перење. Доколку прво ја исперете во машина, подоцна ќе биде потешко да ги отстраните дамките.

9. Исчистете ги плочите на пресата за коса

Што ви е потребно:

  • Хидроген пероксид
  • 1/4 чаша сода бикарбона

Што е потребно да направите:

  • Измешајте го водородниот пероксид и сода бикарбоната во сад додека конзистентноста не биде како паста, а притоа не треба да биде премногу водена.
  • Ставете дебел слој од оваа паста на врвот на плочите на пеглата.
  • Оставете ја пастата да остои 10 минути.
  • Избришете го со крпа или сунѓер.

10. Исчистете ја скарата со кромид

Getting the grill ready for some cooking – rubbing halved onion on the hot grate.

Што ви е потребно:

  • Половина кромид
  • Сок од лимон

Што е потребно да направите:

  • Загрејте ја решетката на скарата пред да започнете со чистењето.
  • Земете половина од кромид и за да не ги изгорите вашите прсти, поставете го кромидот на подолга вилушка за печење или слично.
  • Посипете малку сок од лимон врз решетките. Доколу немате сок од лимон, наместо тоа користете оцет.
  • Поставете го кромидот над решетките за да ја отстраните нечистотијата.