„Тоа ти го велам драга моја, станувајќи мајка, се чувствуваш подобро од било кога и од било кој, но под услов, само доколку си била подготвена за таа улога.

Прво треба внимателно да ја планираш бременоста, а потоа да го подредиш и самиот живот во целост.“- вели соученичка на нејзината пријателка, која изјави дека ќе стане мајка не подоцна од 20 години.

„Тоа се случи во гимназијата, на час по биологија.

Штотуку го имавме поминато материјалот за женскиот репродуктивен систем, а потоа професорот се обрати на класот, дискутирајќи за возраста која се смета за идеална за станување родител. Темата не беше нешто интересна за момчињата, но го разбуди љубопитството меѓу девојките.

Собравме бројни аргументи во полза на раното мајчинство, како и за доцното раѓање.“

Дали е подобро да се раѓаат деца порано или кога ќе се достигне зрела возраст?

Среќата и мајчинството

Речиси секоја жена мечтае да биде совршена мајка. Но, возможно ли е кога бременоста е непланирана или кога се нема доволно финансиски средства и материјални услови, правилно да се воспита детето?

Училиштето за мајчинството не толку розово, како што некои замислуваат. Мајчинството е навистина нешто за кое треба добро и долго да се подготвите. На 20-годишна возраст повеќето девојки полека откриваат што навистина сакаат од животот и штотуку започнуваат самостоен живот.

Се подразбира, секоја девојка и жена е различна, бидејќи некоја може да биде психички подготвена да раѓа на 18 години, а друга пак, стравува од мајчинството и на 35-годишна возраст. Но, мајчинството не само психолошка подготвеност.

Меѓу другото, од исклучителна важност е и финансиската стабилност, кое е второто важно нешто на кое треба да помислите пред да имате дете, покрај љубовта кон истото.

Според експертите, незрелно и наивно е да се мисли дека на детото не му е потребно ништо друго, освен родителска љубов.

Потребно е идните родители да разберат дека со детето доаѓаат и големи финансиски трошоци. Правилната исхрана, постојаните посети кај педијатар, играчки, колички, облека, памперс итн. А потоа следува и неговото образование.

На зрела возраст поголеми се шансите да бидете финансиски постабилни и дека нема да имате потешкотии да му го обезбедите на вашето дете потребното. Најверојатно нема да бидете принудени да работите повеќе работи одеднаш и така нема да ги пропуштите најважните моменти од животот на вашето најмило.

Според експертите, исто така поголема е веројатноста мајчинството во зрелите години да биде поисполнета и посреќна улога за една жена, бидејќи на таа возраст, самата жена ќе има поголемо искуство и ќе биде помудра, ќе има поголемо разбирање и ќе биде потрпелива.

Исто така, научниците тврдат дека жените кои раѓаат над 30 годишна возраст имаат развиено подобра вербална способност, а тоа се должни на хормоните во мозокот, односно на естрогенот и прогестеронот, кои се одговорни за правилната работа на мозочната функција.

Од друга страна, раѓањето во зрели години носи со себе свои ризици. Со текот на времето, се намалува бројот на јајце-клетки, со што се намалуваат шансите за забременување, а се зголемува ризикот од појава на разни заболувања.

Но, на крај сите се едногласни дека секоја жена која размислува да стане мајка, без разлика на која и да е возраст, треба добро да размисли за каков и колкав ризик е подготвена да превземе и да се жртвува.