Дали некогаш сте обратиле внимание и сте го прочитале составот на пастата за заби што ја користите? Не? Сторете го тоа следниот пат.

Состојките кои ги содржи пастата за заби, во крајна цел, навлегуваат во нашиот крвоток, при што може да му наштетат на нашето здравје.

Кои се најштетните состојки во обичната паста за заби

1. Триклозан

Оваа состојка се додава во пастите за заби за антибактериски ефект. Но, во исто време, триклозанот може да го наруши производството на хормони при штитната жлезда, да предизвика осипи на кожата, нарушувања при ендокриниот систем и да развие резистенција кон одредени антибиотици.

2. Полиетилен гликол

Полиетиленот гликол претставува еден вид пластика, која предизвикува дразнење на очите, кожата, грлото и носот. При голтање, исто така може да предзивика стомачни болки, повраќање, нарушување на срцевата функција и бубрежни заболувања.

3. Флуор

Флуорот може да предизвика разни заболувања и кожни осипи.

4. Натриумов лаурил сулфат

Оваа активна состојка навлегува во крвотокот и доведува до хормонски дисбаланс, дразнење на кожата и развој на улцеративен стоматит.

5. Сорибтол

Сорбитол се разградува бавно и поради тоа може да предизвика нарушувања при дигестивниот систем како стомачна подуеност.

6. Аспартам

Овој вештачки засладувач се претвора во формалдехид и може да предизвика главоболка, гадење, тресење и остри болки.

7. Пропилен гликол

Оваа вообичаена состојка во пастата за заби може да предизвика дразнење на белите дробови, очите и кожата.

8. Глицерин

Во големи количества, глицеринот може да го попречи нормалното одвивање на функцијата на дигестивниот систем.

9. Диетаноламин

Оваа состојка го нарушува хормонскиот баланс и може сериозно да им наштети на стомакот, хранопроводот, црниот дроб и мочниот меур.

10. Багрила Е133 и Е102

Овие состојки може да предизвикаат алергии, астма и главоболка.

Следниот пат кога ќе купувате паста за заби, обратете внимание на изборот на истата, односно на нејзините состојки. Погрижете се за вашето и здравјето на вашите најблиски!