Луковиот домашен сируп е докажан стар рецепт против кашлива, кој лесно се подготвува, а притоа ја елимнира појавата на секаков вид на настинка и грип.

Домашен сируп против кашлица

Потребни состојки

  • 5-7 чешниња лук
  • 3 супени лажици мед
  • 1 лажица корен од бела роза во прав

Начин на подготовка

Исчистете го и сомелете го лукот. Сомелениот лук измешајте го со правот од бела роза, а потоа додадете го и медот. Добиената смеса додадете ја во тегла, а теглата складирајте ја во ладилник, да отстои 24 часа.

По потребното изминато време, прецедете ја течноста, користејќи парче завој.

Начин на употреба

Консумирајте по 1 кафена лажица на секој час. Овој сируп помога при бронхитис, фарингитис и ларингитис, бидејќи лукот има моќна антибактериски и антимикробни својства, а коренот од белата роза е ефикасен експекторанс. Лековите на база на мед ја зголемуваат енергијата, го зајакнуваат имунитетот и го враќаат телото во нормална состојба.