Козметиката, која ја купуваме во продавниците и аптеките, најчесто не одговара на нашите очекувања: Составот на некои производи е со нејасен ефект, а истите и не се евтини.

Популарните маски во моментот, се состојат од мали груби гранули и кремаста основа. Овие маски можат да се направат и во домашни услови, со природни состојки и без додавање на опасни супстанци.

Рецептот денес што сакаме да го споделиме со вас е апсолутно безбеден, евтин и ефикасе, а станува збор за 2 во 1 маска од чиста сода бикарбона и кокосово масло. Мешањето на овие 2 состојки резултира со чудо што нежно ќе ја исчисти вашата кожа од мртвите клетки и вишокот на масти, притоа ќе го забрза крвотокот, ќе го ублажи воспалението и акните, и воедно ќе ја навлажни и потхрано кожата.

Зошто оваа маска делува ефикасно?

Сода бикарбона

  • Ја неутрализира pH нерамнотежата – една од главните причини за акни и сува кожа
  • Ексфолијација на мртвите клетки
  • Ги отстранува воспалението и црвенилото

Кокосово масло

  • Има антибактериско и антивоспалително својство
  • Ефективно е при лечење на егзема и хронично сува кожа
  • Лекува и обновува, идеално за кожа подложна на акни
  • Ја навлажнува кожата

Рецепт за маска од сода бикарбона и кокосово масло

Измешајте ги состојките пред употреба. Ќе ги одредиме количините зависно вашиот тип на кожа и резултатот што сакате да го постигнете.

  • Доколку имате многу чувствителна кожа, односот на кокосовото масло спрема содата треба да биде најмалку 2:1.
  • Доколку сакате смесата да има и ефект на пилинг, односот на содата со маслото нека биде 1:1.

Начин на подготовка

Измешајте ги состојките додека не добиете кремаста смеса. Внимателно нанесете ја маската на кожата на лицето со масирачки движења.. Избегнувајте ја чувствителната област околу очите.

Оставете ја маската на вашето лице да отстои неколку минути и потоа измијте ја со топла вода. Остатокот од маската може да ја отстраните користејќи памук.

Бидејќи кокосовото масло добро ја навлажнува кожата, потоа не е потребно да нанесувате навлажнувачка крема. Маската е доволно да се користи 1-2 пати неделно.

Совет: При изборот на состојките за маската, внимавајте содата да не содржи алуминиум. Исто така можете да користите органско кокосово масло, со цел да добиете најдобар резултат.

Се надеваме дека ќе уживате во оваа домашна маска и ќе имате чиста, беспрекорна кожа, која воедно нема да ви одземе многу време, ниту пари.