Нашето тело е вистинско чудо. Само погледнете во огледалото и ќе најдете нешто на вашата кожа, за кое најверојатно не знаете која е неговата цел. Како на пример,  влакната што ги бричите секој пат кога ќе пораснат.

Излегува, влакната по телото може да ви помогнат во привлекувањето на потенцијални партнери.

Следните навидум бескорисни карактеристики на телото постојат со причина и нивните цели може да ве изненадат:

1. Бенка

Бенката се појавува кога клетките во кожата растат во група наместо да се шират низ целата кожа. Вообичаено, бенките не се штетни, но понекогаш може да бидат знак дека постои проблем во вашето тело, како што е присуство на рак. Мапирањето на бенките е метод што може да се искористи за да се следат промените во нивната состојка, што пак помага ракот да биде откриен навремено.

2. Влакна под пазувите

Главната функција на влакната по телото се состои во ослободувањето на феромони, односно хормони кои привлекуваат потенцијални додворувачи, според резултатите на едно истражување. Тоа ги вклучува и влакната под пазувите, што помага да се ослободат мириси. Исто како животните, различните луѓе имаат различни мириси со што ги привлекуваат останатите. Ова е веројатно причината зошто некои луѓе сакаат да ја мирисаат облеката на нивните партнери.

3. Умник

Умниците се всушност третиот сет на заби што растат во устата. Порано, на нашите предци им биле потребни овие заби за полесно да го совладаат консумирањето на  тврда храна како корени, лисја, месо и јаткасти плодови, особено кога другите заби ќе испаднат. Тоа се едноставно нашите резервни заби.

4. Веѓи

Веѓите растат ко надвор, па оттука ги штитат очите од влагата на дождот и потта, за да можете да гледате без пречки. Бидејќи можат да бидат придвижени за изразување на емоции, тие се исто така важна алатка за комуникација. Истражување од 2003-та година, исто така, покажа дека веѓите се клучни за препознавање на лица. При истото, испитанците можеле да препознаат познати лица 46% од времето, кога на истите им биле отстранети веѓите.

5. Нокти на рацете и нозете

Ноктите на рацете и нозете ги штитат врвовите на прстите од можни повреди. Тие ви помагаат да имате подобар пристап до вашето тело. При чувство на чешање, тие дефинитивно ќе ви помогнат. Не само тоа, ноктите можат да бидат индикатор за вашето здравје. Доколку бојата на вашите нокти не е нормална, тоа може да им помогне на лекарите да откријат што не е во ред со вас.

6. Увула

Увлата е тоа мало ткиво во облик на солза што го гледате како виси во задниот дел на грлото кога ќе ја отворите устата широко. Постои само кај луѓето и едно истражување покажало дека ни овозможува да пиеме додека се превиткуваме и ни помага при говор.

7. Влакна на нозете

Влакната на нозете дефинитивно ни се чини како нешто без што можеме сосема да функционираме. Но, многу одамна, на нашите предци им требале овие влакна за да ја одржат телесната топлина, особено бидејќи во тоа време, панаталоните сè уште не биле создадени. Кога е студено, ситните мускули околу фоликулите предизвикуваат влакната да се исправат и да се акумулира повеќе топлина во близина на нашето тело. Овие влакна дејствуваат како природно ќебе за нозете.

8. Апендикс

Апендиксот е мала торбичка во близина на местото каде се среќаваат големите и малите црева. Честопати се верува дека е бескорисен дел од телото, но всушност постои со цел да се заштитат добрите бактерии во цревата. Доколку имате дијареја, добрите бактерии во слепото црево ќе помогнат да го одржите вашето здравје.

9. Пеги

Пеги или „ангелски бакнежи“ се случуваат заради генетиката и изложеноста на сончевите зраци. Тие честопати се појавуваат кај луѓе со полесна текстура на кожата. Причината за ова е што вашето тело се обидува да се заштити од оштетување од зраците.

10. Брада и мустаќи

Брада и мустаќи се повеќе од само влакна на лицето што може да ја дефинираат личноста. Тие делуваат како еден вид камуфлажа за да ги заштитат ревките делови на вилицата од можни повреди.