Двете девојчиња, на возраст од 1 и 5 години, биле затворени во вистинска „куќа на ужасот“, каде биле изгладнувани, во Днипиро, Украина. Децата биле толку неухранети, при што биле принудени да јадат тапети и стиропор.

Сестричките Дијана и Ана живееле во ужасни услови со нивната мајка и нејзиното момче. 25-годишната мајка со денови не ги хранела нејзините деца, при што тие биле принудени да јадат било што, што ќе најдат.

Децата биле спасени на 21-ви ноември, откако загрижените соседи ја контактирале полицијата.

Жената и нејзиниот партнер постојано се расправале, постојано ги малтретирале децата и воопшто не се грижеле за истите. Девојчињата секогаш изгледале валкано и неуредно.

„Од нивниот стан постојано се слушаше голема врева.“- раскажува една од сосетките.

Кога полицијата влегла внатре, службениците биле шокирани од страшната глетка и ужасните услови во кои живееле малите сестри.

„Беше ужасно! Тоалетната школка во станот не функционираше, па семејството наместо тоа, за потребите ја користело кадата. Насекаде беше полно со масни наслаги, нечистотија, при што црви ползеа по станот.“- раскажува еден од полицајците.

Девојчињата спиеле во валкани кревети и јаделе од неизмиени садови, а во станот речиси било и неподносливо да се дише.

Малите Дијана и Ана биле спасени и однесени во болница, каде им била дијагностицирана тешка неухранетост, а притоа девојчињата имале и вошки.

„Овде во болницата, децата по првпат отидоа во нормален тоалет и спиеја во чисти кревети. Бевме шокирани да видиме како јадат храна, буквално како воопшто никогаш да не виделе.“- раскажува лекарот што се погрижил за нив.

Сè уште не е јасно каква ќе биде понатаму судбината на децата, а воедно, моментално нивната мајка е во притвор и нејзините родителски права ќе бидат одземени.