Мијалникот е еден вид показател за нивото на чистота во кујната. Доколку нешто не е во ред со истиот, тогаш целиот простор изгледа валкано, а неретко започнува и да се шири непријатен мирис.

Иако повеќето луѓе користат различни средства и начини да го исчистат мијалникот ефикасно, честопати резултатот не е ефективен. Затоа денес ви го откриваме најдобриот трик, благодарение на кој вашиот мијалник ќе блеска од чистота, ќе го спречите неговото затнување и ќе го елиминирате непријатниот мирис кој се шири од одводот.

Станува збор за употреба на обичното брашно кое може да заврши извонредна работа.

Трик со брашно за блескав мијалник

Најпрво добро измијте го мијалникот и избришете го со сува крпа. Следно, врз неговата површина нанесете брашно. Неколку лажици ќе бидат сосема доволни.

Потоа со помош на сува крпа или не толку тврда четка, темелно исчистете ја површината на мијалникот, додека со триење ги чистите ѕидовите со брашно.

Откако ќе ја отстраните маснотијата, обидете се да го спречите навлегувањето на брашното во одводот, бидејќи во контакт со водата, може да ја затне канализацијата.

Овој трик практикувајте го еднаш неделно.