Лимонот е едно од најупотребуваните овошја во Италија, врз основа на кое се приготвуваат многу торти и десерти, како и популарниот лимончело ликер. Но, малкумина знаат за овој напиток од кој се слабее брзо и ефикасно.

Станува збор за т.н Канарино напиток, односно раствор од лимон и ловоров лист, кој го консумираат по секој нивен оброк, а кој е клучен за нивната витка фигура. Напитокот во зимските денови се користи и како лек против настинките. Еве како истиот да го приготвите.

„Канарино“ напиток за ефикасно слабеење

Потребни состојки

  • 500 мл вода
  • 1 лимон
  • 1-2 ловорови листови
  • Мед по вкус

Начин на подготовка

Добро измијте го лимонот користејќи четка и топла вода, а потоа излупете го истиот со помош на лупилка за компири, притоа внимавајте да не ја оштетите белата обвивка.

Поставете 500 мл вода да се вари, а потоа додадете ги лимонот и ловоровите листови. Варете околу 5 минути, а потоа оставете смесата да се вари уште дополнителни 10 минути.

Во готовиот раствор, односно чај додадете мед по ваш вкус, но може да го пиете и без истиот.