Иако кога станува збор за компирите, често секој сака да ги приготви на најлесниот начин, денес ви претставуваме една нова варијанта со која дефинитивно ќе ги израдувате вашите најблиски!

Ќофтиња од компир на нов начин

Иако кога станува збор за компирите, често секој сака да ги приготви на најлесниот начин, денес ви претставуваме една нова варијанта со која дефинитивно ќе ги израдувате вашите најблиски!
Вкупно време1 час
Оброк: Вечера
Кујна: италијанска
Клучни зборови: компир, ќофтиња, ќофтиња од компир
Порции: 4

Состојки

  • 1,5 кг компир
  • 2 јајца
  • 1,5 супена лажица кисела павлака
  • 1,5 супена лажица пченично брашно
  • 1 кафена лажица сол
  • 1 кафена лажица мелен црвен пипер
  • 10 гр копар
  • По вкус сончогледово масло

Начин на подготовка

  • Излупете ги малите компири, исплакнете ги со вода и сварете ги во вода во која претходно сте додале и сол. Во меѓувреме, во длабок сад измешајте ги јајцата и киселата павлака.
  • Кон добиената смеса додадете сол и мелен црвен пипер, како и исечен копар. Измешајте ги сите состојки заедно со вилушка, а потоа додадете го и брашното. Тестото се меша до добивање на смеса со цврстина како на густа павлака.
  • Загрејте доволно количество на масло во тава. Потопете ги малку изладените компири во тестото и поставете ги да се пржат.
  • Во процесот на пржење, свртете ги ќофтињата и од двете страни, за да се испржат целосно, до добивање на златна боја. Сервирајте ги топли.