Речиси секој од нас има создадено мало зелено катче во својот дом, благодарение на кое домот е многу попријатен, а самот воздух е секогаш прочистен и свеж, создавајќи една совршена домашна атмосфера.

Здодевните црни муви, како и лисните вошки, се едни од факторите кои лесно може да го нарушат ова совршенство, поради самиот факт што брзо се размножуваат и притоа и распространуваат низ целиот дом.

Како да се ослободите од нив без да го нарушите вашето здравје?

Етеричните масла ќе биде вашиот најдобар сојузник во борбата против овие инсекти. Најефикасни се маслата од здравец, чајно дрво и мајчина душица. За превенција, доволно е да ги полевате растенијата еднаш на секои 2 недели со смеса од 3 капки од етерично масло по ваш избор, измешани во 1 литар вода.

Доколку мувите и лисните вошки веќе се појавиле, односно се присутни, тогаш количеството на полевање треба да го зголемите до 1-2 пати неделно.

Појавата на инсекти исто така може да предизвика гниење на корените, при што тогаш треба темелно да ги проверите истите. Доколку забележите оштетување на корените, пресадете го растението.