Милиони фанови на Формула 1 останаа воодушевени откако беа објавени фотографии од Флавио Бриаторе, видно ослабен, а со тоа дури и изгледа помладо.

Неговата тајна за да изгледа 10 години помладо и 15 килограми да биде послаб се состои во чудесниот метод на италијанскиот доктор Леме, кого славните го обожаваат, токму поради неговата моќни и ефикасни резултати.

Какви се правилата на диетата?

  • Забранета е сол – Бидејќи го зголемува задржувањето на течностите.
  • Забранети се шеќери – Индустрискиот шеќер го зголемува произведувањето на инсулин, главниот хормон виновен за дебелината.
  • Забранет е леб
  • Забрането е комбинирањето на тестенини и месо

Што е дозолено?

Дозволен е секаков вид на готвење, вклучувајќи го и пржењето. Храната може да ја зачините со зејтин и секакви зачини. Се препорачува чај и кафе. Спортувањето не е задолжително.

Пример за дневно мени

Прв и втор ден

  • Појадок: Парче свинско месо и 1 шолја горко кафе
  • Ужина во 10 часот: Лимон
  • Ручек:  Пилешко месо во количество по ваша желба
  • Ужина: Незасладен чај
  • Вечера: Риба во количество по ваша желба

Трет и четврт ден

  • Појадок: 1 шолја горко кафе, тестенини со зејтин, лук и лута пиперка
  • Ужина во 10 часот: Лимон
  • Ручек:  Пилешко месо во количество по ваша желба
  • Ужина: Незасладен чај
  • Вечера: Риба туна

Петти и шести ден

  • Појадок: Парче телешко месо и 1 шолја горко кафе
  • Ужина во 10 часот: Лимон
  • Ручек:  Пилешко месо
  • Ужина: Незасладен чај
  • Вечера: Риба во количество по ваша желба

Седми ден

  • Појадок:  1 шолја кафе и пржени печурки
  • Ужина во 10 часот: Лимон
  • Ручек:  Пржен кромид
  • Ужина: Незасладен чај
  • Вечера: Риба