Стимулацијата на определени точки, било преку масажа (акупресура) или преку забодување мали игли (акупунктура), е практика која е делумно уметност, а делумно наука и корените ги влече во древните времиња на Далечниот Исток. Традиционалната кинеска медицина ги употребува акупресурата и акунпунктурата со илјадници години, и изведувачите, како и пациентите, се колнат во нивните неверојатни резултати.

Практиката на масирање или бодење на виталните точки се засновува на холистички пристап во медицината, во кој целото тело и сите органи и системи се сметаат за поврзани, и секој дел од телото е во врска со другите телови. Прочитајте како да јљ нљјдете и масирате магичната точка Зу Сан Ли и што ќе се случи со вашето тело кога ќе го сторите тоа.

Основи на акупресурата

Има стотици на витални точки лоцирани на различни места насекаде на вашето тело, и 12 големи меридијани или линии на кои се наоѓаат овие точки. Секој меридијан управува со функцијата на определени телесни системи и секоја точка е поврзана со специфични органи или други телесни делови. Со стимулирање на овие точки на специфичен начин, можеме да ги исправиме нерамнотежите на енергијата наречена чи во нашите тела и помага да се одржи протокот на овие телесни енергии.

Акупунктура и акупресура

Акупунктурата и акупресурата се два методи кои го издржале тестот на времето. Иако усовршувањето на овие две вештини изискува години и години на проучување и вежбање, можно е и лаиците да научат како самите да си стимулираат некои витални точки во домашни услови.

Забелешка: Треба да се осигурате дека ја масирате правилната витална точка. Во никој случај не обидувајте се самите да си изведувате акупунктура! (бодење со игли)

Зу Сан Ли – точката на долговечноста: Каде се наоѓа

Зу Сан Ли, наречена „точка на долговечноста“, како и „точка на стотици болести“ од почитуваниот кинески акупунктурист Ванг Летинг, е витална точка лоцирана веднаш под коленското капаче или коленска капсула(patela) и помеѓу двете коски на потколеницата (видете ја илустрацијата).

Оваа точка можете да ја лоцирате така што ќе ја ставите вашата дланка врз коленото седнувајќи на подот со нозете испружени пред вас, со петиците на подот и прстите насочени кон вашето тело. Точката се наоѓа помеѓу малиот и домалиот прст. Би требало да забележите мала вдлабнатина помеѓу капачето и двете коски – тоа е чудесната витална точа Зу Сан Ли.

Оваа точка може да го контролира протокот на енергија до илјадници телесни делови и многу нарушувања можат да се лекуваат или само со стимулација на Зу Сан Ли, или во комбинација со стимулирање на други точки.

Што може да лекува Зу Сан Ли

Зу Сан Ли влијае врз голем број на органи, па оттука и името „точката а стотина болести“. Да наброиме неколку нарушувања кои можат да се лекуваат со стимулирање на оваа витална точка.

Функцијата на црниот дроб – Масирањето на Зу Сан Ли може да ја подобри функцијата на црниот дроб, да помогне во регулирањето на жолчката и да ја подобри способноста на органот да ги прочистува отровите од вашето тело.

Функцијата на бубрезите – Бубрезите исто така можат да имаат полза од стимулирањето на Зу Сан Ли, чувајќи ги од инфекции и одржувајќи ја нивната функција.

Метаболизмот – Зу Сан Ли се асоцира и со подобруваето на метаболизмот. Пациентите кои биле подложени на овој третман велат дека успеале да ослабат со редовна стимулација на оваа точка. Исто така, наводно може да се лекува и запек со истото.

Работата на срцето – работата на срцето исто така може да се подобри со масирање на Зу Сан Ли, резултирајќи во подобрување на циркулацијата, третирање на аритмии, срцебиење и други нарушувања.

Нарушен крвен притисок – Кога крвниот притисок е превисок или пренизок, стимулацијата на Зу Сан Ли може да помогне во урамнотежување на енергијата чи која го регулира крвниот притисок.

Неправилности во нивото на шеќер во крвта и дијабетес – Со масажата на точката на долговечноста може да се регулира нивото на инсулин и нивото на шеќер во крвта.

Истражувања за Зу Сан Ли

Неколку истражувања и научни статии објавени во „Журналот на традиционалната кинеска медицина“ откриваат дека третманот со Зу Сан Ли носи олеснувања на грчевите во стомакот кај пациентите на кои им била изведена гастроскопија.

Во друго истражување пациенти болни од рак подложени на хемотерапија успеале да ги намалат, па дури и да ги елиминираат непријатните странични ефекти на хемотерапијата со стимулација на Зу Сан Ли и Неигуан.

Како да се масира Зу Сан Ли

За да ги пожнеете најразличните придобивки од стимулацијата на Зу Сан Ли, можете да ја масирате оваа витална точка и сами дома. Не е препорачливо да се изведуваат овие масажи пред спиење бидејќи даваат енергии и можат да предизвикаат несоница. Секој ден кога ќе се разбудите, одвојте неколку минути да го сторите следното:

– Лоцирајте ја точката додека сте удобно седнати
– Масирајте ја областа бавно, било со вашите прсти или триење на незготвени зрнести плодови (ориз, овес, леќа) со нежни, кружни движења во насока на движењето на стрелките на часовникот.
– Повторете го процесот на другата нога

Оваа точка исто така може да се стимулира и со поставување на излупен лук во времетраење од еден час, додека да почне да ве пече кожата и да зацрвенува. Секојдневната масажа на Зу Сан Ли се смета за безбедна, па дури и се препорачува. Пробајте ја и видете дали ќе ви помогне.