Бојата на очите се менува сè додека не наполниме 3 години, може да се промени од светло зелена до темно кафеава, но никогаш не може да биде црна. Нашите очи понекогаш се чинат црни поради светлината, облеката или накитот што ги носиме. Знаете ли зошто нашите очи никогаш не можат да бидат црни?

Нашите гени не го дозволуваат  тоа

Постојат околу 16 различни гени кои се одговорни за бојата на нашите очи. 2 од овие се главни фактори, а тоа се гените HERC2 и OCA2. Овие гени ја одредуваат бојата на очите преку количината на меланин присутен во ирисот. Како резултат на тоа бојата може да се движат во широк спектар на нијанси, како сина и сива, но најтемна можна боја е темно кафеава, а не црна.

Нашите очи не би биле заштитени од штетната светлина

Тешко би излегувале сред бел ден кога би имале црни очи. Сончевите зраци содржат ултравиолетова или УВ светлина, а црната боја има тенденција да апсорбира повеќе УВ светлина од останатите бои. Продолжената изложеност на УВ светлина може да го влоши здравјето на очите и да доведе до проблеми како што се катаракта или рак на кожата. Благодарение на нашата генетика меланинот кој обезбедува боја во ирисот нè штити од ултравиолетова светлина. Истражувањата покажуваат дека меланинот може да уништи над 99,9% од УВ зрачењето што го апсорбира, заштитувајќи ги очите од оштетување.

Која најретката природна боја на очите?

Најретката природна боја на очите е зелена. Само околу 2% од целата светска популација има зелени очи. Исто така постојат некои ретки случаи кога луѓето имаат црвени или виолетови очи поради окуларен албинизам, а други имаат различна боја на  двете очи поради состојба наречена хетерохромија.