Често остануваме да поработиме малку подолго во нашите канцеларии, утре планираме цел ден да гледаме серии на Нетфликс, премногу сме мрзливи да купуваме намирници, затоа нарачуваме храна преку интернет. Со сите овие модерни гаџети стануваме неверојатно мрзливи. Не е изненадување што нашите тела почнуваат да „паничат“ и да ни кажуваат дека е време да се грижиме за себе. Погледнете како нашето тело ни кажува дека треба да се движиме повеќе.

1. Подуеност околу очите

Седечкиот начин на живот е еден од главните причини за задржување на водата во телото. Подуеност околу очите се појавуваат бидејќи долго време поминувате во хоризонтална положба. Јогата се смета за најдобро решение. Асаните (позициите) вршат притисок на главата и ја зголемуваат циркулацијата. Откако ќе започнете да вметнувате некое движење во вашата дневна рутина, подуените очи веќе не претставуваат проблем.

2. Запек

Вежбањето е важно за нормално функционирање на дебелото црево. Ако поголемиот дел од времето го поминувате седечки потребно е повеќе време за храната да помине низ дебелото црево. Редовно движење ја подобрува ефикасноста на вашиот дигестивен тракт. Дури и  5-минутни истегнувања неколку пати на ден може да спречат запек.

3. Заборавате

Едно истражување открило дека луѓето што седат долго време во текот на денот покажуваат структурни промени во мозокот во областа на медијалниот темпорален лобус. Овој лобус е одговорен за нашата способност да меморираме работи. Се покажа дека физичките вежби ја зголемуваат меморијата. Не е изненадување што структурата на вашиот мозок расте со поголема физичк активност.

4.  Болки во колена

Движењето е тајната за олабавување на затегнати зглобови. Вежбањето може да ги ублажи симптомите на артритис и остеоартритис. На пациентите со хронична болка во колената редовно им се препорачува да започнат со програма за вежбање. Со редовно вежбање вашите мускули се зајакнуваат и стануваат пофлексибилни.

5. Имате голема желба за благо

Физичката активност ви дава повеќе енергија и ослободува ендорфин, хормон кој ја поттикнува општата среќа. „Среќните хормони“ значително ја намалуваат желбата за шеќер. Движењето исто така може да ви помогне доколку страдате од депресија.