Еве зошто треба да консумраме банани секоја вечер, приготвени на следниот начин. Доволно е сето да зоврие, да се излади и да се прецеди, а резултатот и ефектот ќе бидат неверојатни.

Вкусот на напитокот е доста специфичен, но лесно може да се навикнете на истиот.

Станува збор за домашна инфузија од банани и цимет. Бананите се богати со калиум, магнезиум и фосфор. Калиумот ги обновува и зајакнува мускулите, особено најважните, оние на срцето. Фосфорот помага за преработување на јаглехидратите, а притоа со овој напиток може и да ослабнете.

Циметот, пак, помага во борбата против болестите како Алцхајмер и Паркинсон, склероза, стерелитет и високо ниво на шеќер во крвта. Важно е да изберете цимет во форма на стапчиња, не во прав.

Чудесен напиток против несоница и зајакнато здравје

Потребни состојки

  • 200 мл вода
  • 2 банани
  • 2 стапчиња цимет

Начин на подготовка и употреба

Потопете го циметот во студена вода и сварете. Исечете ги бананите на кругови, префрлете ги во тенџерето со вода и повторно оставете ја смесата да се вари. На крај, оставете да се излади и прецедете.

Консумирајте го чудесниот чај 1 час пред да отидете на спиење.