Во текот на зимскиот период, нашите стапала речиси постојано се во чизми или топли обувки, при што нашите стапала често се потат, со што се создава идеална средина за распространување на несаканите габички.

Честото миење со сапун нема толку лесно да го реши проблемот, а дури може и да го помогне нивното размножување.

Со цел да се ослободите од овој несакан проблем, денес ви го претставуваме златниот домашен рецепт на истакнатиот лекар Петар Димков, од Бугарија, благодарение на кој, за краток временски период, ќе имате меки и нежни стапала без никакви габички.

Златен домашен рецепт против габички на нокти

Потребни состојки

  • Хидроген (3%)
  • Природен јаболков оцет
  • Етанол (90%)

Начин на подготовка и употреба

Измешајте ги сите три наведени состојки во еднаков сооднос, а потоа со помош на памучен туфер, добиениот раствор нанесете го врз засегнатите места, а по 10 минути измијте со топла вода и исушете ги стапалата.

Повторувајте го домашниот третман 2 пати дневно за да го добиете посакуваниот ефект.