Болките во зглобовите, предизвикани од остеоартритис, гихт или ревматизам може лесно да бидат излекувани во домашни услови со обична зелка, благодарение на нејзините чудесни својства. Еве што е потребно да направите.

Облога од зелка

Зелката содржи флавоноиди и гликозиди, кои имаат моќно антивоспалително својство, благодарение на што може да се реши проблемот со циркулацијата на крвта. Облогата од зелка може значително да ги ублажи симптомите предизвикани од остеоартритис, што ги прави облогите од зелки идеални за користење при пациенти со многу тенка кожа.

Според едно истражување, облогата од зелка е толку ефикасна колку и самите скапите купечки гелови и креми против болка.

Што треба да направите?

Одделете ги листовите од зеленчукот и малку стиснете ги, за да го исцедите сокот. Покријте го воспаленото место со листот од зелката и завиткајте со еластичен завој. Оставете ја облогата да дејствува неколку часа, најдобро е да ја оставите во текот на целата ноќ.