Според Џон Ентони, истакнат американски дерматолог од Охајо и Дебра Џалиман, специјалист за дерматологија од Њујорк, постојат неколку специфични симптоми на ноктите кои никако не смеете да ги игнорирате. Еве кои сте тие 7 различни состојби и каква порака ви испраќаат.

1. Жолти нокти

Најчестиот причинител за жолтеникавата боја на ноктите се габичните инфекции и пушењето цигари. Во ретки случаеви, може да бидат показател за дијабетес, заболување на тироидната жлезда или пак, белите дробови.

2. Кршливи нокти

Тоа вообичаено индицира дека плочката на ноктите е премногу сува. Истовремено, оваа состојба се поврзува и со заболување на тироидната жлезда.

3. Шупливи нокти

Создавањето на шуплини на ноктите најчесто се должи на дефектниот развој на создавање повеќе слоеви на плочката на ноктот, а ова е честа појава и за оние кои страдаат од псоријаза.

4. Нокти со бели линии

Причината поради која луѓето гледаат бели линии на нивниот нокт се поврзува со директна траума врз него или пак, некоја сериозна болест, ако линиите се пространуваат и на останатите нокти.

5. Дисколорација или потемна боја

Ова може да биде предизвикано од меланома т.е најопасниот тип на рак на кожа. За ова е потребно итно да се посети лекар.

6. Нагризани нокти

Ова состојба произлегува од самите нас и се поврзува со опсесивно-компулсивно нарушување кое ги тера луѓето да ги гризаат своите нокти. Ако дојде до екстремност, треба да се посети лекар.

7. Бели дамки

Бели дамки се показател на недостаток од калциум.