Користејќи база на податоци со имиња од 14.750 истакната филозофи, математичари, писатели, уметници и композитори, лауреати и носители на Нобелова награда, откриено е кои се најчестите имиња кои ги носат генијалци.

Вебсајтот MooseRoots, анализирајќи и подредувајќи ги горенаведените податоци, ја објави класификацијата и воедно откри кои се најчестите први имиња кои ги носеле генијалците, истовремено давајќи им бројни идеи на идните родители.

Најчесто име кај мажите генијалци е името „Џон“.

Впечатлива бројка од 352 мажи со тоа име постогнале неверојатни достигнувања во сферата на интелектуалноста. Останати имиња кои се најдоа на оваа листа се имињата: Роберт, Вилијам, Чарлс, Дејвид, Џејмс, Риџард, Џорџ и Пол.

Кај жените, најчестото име и синоним за генијалноста е името „Мери“.

Бројка од 140 дами кои се познати по своите генијални достигнувања, се токму носители на ова кратко впечатливо име, кое е доста застапено и во нашата земја.

На листата кај жените, се најдоа и имињата: Елизабет, Марија, Ана, Маргарет, Сузан, Рут, Алиса и Дороти.