48-годишната Даниел Хаг во Саботата си го оствари својот долгогодишен животен сон, натпреварувајќи се во изборот за Мис Колорадо и Америка, а ова е нејзината неверојатна приказната.

Хаг секогаш обожавала да ги гледата натпреварите по убавина на Мис Америка и секогаш сонувала и таа еден ден да биде дел од таа прекрасна сцена.

Кога била на 10-годишна возраст, Хаг претрпела изгореници од највисок степен, при што изгорело 70% од нејзиното тело, како резултат на експлозија која настанала од истекување на гас, во нејзиниот дом.

Подоцна таа година, малата Хаг била уништена, но не само физички, туку и психички. Ја скршила помислата дека никогаш нема да може да си го оствари својот сон, да учествува на натпреварот по убавина.

Нејзината сестра Данет Ченеј се присетува како и било тогаш на малата Даниел: Во нашето семејство беше традиција и голема работа да се гледа и следи Мис Америка натпреварот секоја година. Па кога за првпат го гледаше настанот после несреќата, се сеќавам на мало девојче кое беше скршено од тага.

Сега, 38 години по немилиот настан што и донел преголема болка, многу операции, физички и емотивни лузни, Хаг е одличен мотивационен говорник и дел од нејзините мотивациски пораки ги пренесе токму на натпреварот по убавина, споделувајќи како сега ја сфаќа убавината во сите нас.

“Сите сме со маани, сите сме несовршени, но убавината доаѓа од внатре, не од внатре”– изјавила Хаг.

На натпреварот таа ја имаше поддршката од својата сестра, сопругот со децата, како и нејзинот тако, кој исто така ја преживеал експлозијата.