Светот на технологијата не запира, а овој пат, најновиот технолошки изум дефинитивно ќе ве остави без зборови. Особено ќе им се допадне на припадничките на понежниот пол, бидејќи изумот е споен со светот на модата, а во прилог прочитајте за што точно станува збор.

Накитот од иднината штотуку ни пристигна! Станува збор за дигитална нараквица, опремена со флексибилен OLED екран, звучник, микрофон, функции за бежично полнење и приклучок за прикажување. Сите овие компоненти овозможуваат нараквицата да функционира совршено како ваш личен асистент, да ве информира за новите известувања и пораки, а притоа ќе изгледа токму така, како обожаваниот моден детал меѓу дамите, а и модерните мажи, како една стилска нараквица.

Еве како изгледа нараквицата, која без сомнеж, остава без зборови!