Повеќето љубители на книги, колку и да ги сакаат своите укоричени приказни, понекогаш за да се направи место за новите, старите книги ги продаваат. Но, приказната на оваа девојка за вратената стара книга е необична и многу посебна.

Сара Распбери Фармер ја загубила својата мајка, која се самоубила кога Сара имала 14 години.

Нејзината мајка била зависник од тешки супстанци, поради што се развела од својот сопруг и таткото на нејзината ќерка, а подоцна, на 41-годишна возраст се самоубила.

И покрај потешкотиите, Сара секогаш ја паметела својата мајка по својата огромна љубов и дека секогаш се грижела за неа.

Пред да изврши самоубиство, Сара од својата мајка добила торба полна со познати книги, како “Да ја убиеш птицата која пее” од Харпер Ли. Подарокот што го добила била колекција на литература што мајка и сметала, содржи работи што нејзината ќерка треба да ги знае, а таа не може лично да и ги каже. На Сара секогаш и било токму жал за тоа, што мајка и не и оставила некоја лична порака.

Во книгите што ги добила, речениците што биле важни, мајка и и ги потцртала со розев маркер, за да се истакнат и Сара полесно да ги забележи. Меѓу книгите, бил и класикот “Куќа од листови” од Марк Даниелевски. Но, поради сложениот начин на кој била напишана, за тогашната 14-годишната Сара, книгата била претешка за читање.

Подоцна, Сара решила колекцијата да ја продаде во продавница за половни работи, вклучувајќи го и делото на Даниелевски. Но, кога пораснала зажалила за одлуката и решила да најде копија, бидејќи само таа книга и останала непорчитана од подарокот.

Заедно со свршеникот посетиле различна книжара и ја нашла книгата што ја барала. Но, по некое чудо, тоа била истата книгата што мајка и и ја подарила, а таа подоцна ја продала. Тоа го забележала по розево обоените реченици внатре, а пишувало:

Отидов на утринската прошетка, отидов на вечерната прошетка, јадев нешто, мислев за нешто, напишав нешто, заспав и сонив нешто, но и со тоа нешто, јас сеуште немам ништо, бидејќи многу нешта од тоа нешто секогаш беа и ќе бидат ти. Ми недостигаш!

Изгледа, сепак Сара не била напуштена, без мајка и да и остави лична порака.