На 14-ти април, градот Вичита Фолс во Тексас, САД, службите за спасување на животни објавија фотографија од нивниот работник Закри Мајевски, со хаска по име Скај. Целта на објавата беше Скај да најде дом, и за среќа се случи тоа!  Како и да е, луѓето беа позаинтересирани за згодниот работник отколку за кучето.

Со околу 27 илјади коментари, 15 илјади споделувања и околу 21 илјади реакции, објавата стана хит. Луѓето во коментарите, особено жените, беа воодушевени од Закри, дури прашуваа дали и тој е за посвојување.

Закри сподели:

„Мило ми е за популарноста што ја има објавата, среќен сум дека сите овие животни ќе добијат поголема изложеност и поголема шанса да бидат посвоени“.

Ова фотографијатата од Закри и Скај што беше објавена на Фејсбук страницата на службите за спасување на животни, по која девојките го изгубија умот!