Тесла: „Сајбертрaк“

Иако не можете целосно да го класифицирате овој производ како неуспешен, Сајбертрак имаше срамна демонстрација во 2019 година. Тесла на својата веб-страница се пофали дека го изградиле Сајбертрак за „потполна заштита на патниците“. За возилото се велеше дека е направено од многу цврсти материјали кои нема да дозволат да се скрши. Но се скрши. На промоцијата на Сајбертрак во 2019 година, Елон Маск ја започна демонстрацијата на издржливоста со удирање со чекан врз автомобилот. Следно беше да се фрли голема метална топка кон стаклото на автомобилот. Водечкиот дизајнер Франц фон Холцхаузен ја фрли топката, а таа проби низ прозорецот на автомобилот. Илон Маск призна дека има „простор за подобрување“ и подоцна објасни дека чеканот создал невидлива пукнатина во стаклото.

Кока-Кола: „Диетален кок-плус зелен чај“

И покрај тоа што е компанија за сокови, Кока-Кола се обиде да ги задоволи  потрошувачите со нивната „диетална“ линија на производи Диет Кока Плус. Еден производ, особено, диеталниот  зелен чај, беше пуштен во продажба во Јапонија во 2009 година, со надеж дека ќе биде голем хит. Пијалокот содржи зелен чај богат со антиоксиданси кои можат да го намалат воспалението и да спречат одредени видови на рак. Познато е дека во  Јапонија се консумира над 600 грама зелен чај по лице. Сепак, производот  никогаш на се појави на глобалниот пазар.

Колгејт: храна

Ако некоја марка е позната по еден производ, тоа не значи дека може лесно да се прошири на друг пазар. Овој случај важеше за Колгејт кога во 1964 година се обидоа да произведуваат храна.  Сувото пилешко и ракчињата не успеаа да достигнат високо ниво на потрошувачка. Кога потрошувачите ќе помислеа на Колгејт прво на ум и доаѓаше лична хигиена, а не храна. Во моментов, во 2021 година, Колгејт е втор водечки бренд за лична нега ширум светот. Има вредност од 17,4 милијарди американски долари. Се чини дека одлуката да се задржат на паста и четките за заби беше мудар избор!

Бургер Кинг: Бургер за “Ноќ на вештерките“

Во 2015 година, Бургер Кинг бургерот за „Ноќта на вештерките“  не се покажа како успешен откако клиентите имаа несакати ефекти. Црното лепче го претставуваше духот на “Ноќта на вештерките“, но следниот ден доведе до „непосакуван зелен подарок“. Затоа не е чудно што следната година немаше специјален бугрер за овој ден. Изметот на оние кои го пробаа следното утро беше зелен, но зошто? Кај деца и возрасни, јадењето прехрамбена боја може да резултира со зелен измет. Нашите стомаци не апсорбираат прехрамбена боја многу добро. Кога боите како што се сината или виолетовата се мешаат со киселините во стомакот, резултатот може да биде зелен измет.

Евијан – „Воден градник“

Во 2005 година, Евијан реши да се прошири на пазарот за долна облека со „Воден градник“. Евијан го дизајнираше градникот да ги лади градите за време на потоплите месеци со влошки што содржат минерална вода. Изумот имаше вградена инка од каде што жените можеа да го наполнат градникот. „Евијан“ ги рекламираше придобивките од градниците за тонирање и обликување на вашето тело, покрај одликата за ладење. Сепак, производот беше неуспешен и го повлекоа од пазарот кратко по неговото претставување.