Наполнив 18 години. Се чувствувам така како да сум го чекала овој роденден секогаш. Веќе официјално можам со одењето по леб до продавница да си заминам и со 2-3 шишиња алкохол, можам да се најдам зад решетки поради некоја глупост или пак да си заминам од дискотеката заедно со персоналот. Но ме очекуваат и многу големи работи на хоризонтот … освен евтино вино.
За навистина малкуте 18 години сфатив доста работи.

1. Соништата немаат краен рок

Впрочем соништа секогаш треба да се претвораат во цел. Животот не е бесконечен за да си седите само така. Треба да тргнете да ги остварите најхрабрите соништа, какви и да се тие. Ако не живеете за остварување на своите соништа и постигнување на неверојатни цели, тогаш напразно го трошите своето време.

2. Стремете се кон врвот

Влегувајте со сите ваши напори во работата. Сфатете дека ако не сте ги исполниле задачите на најдобар можен начин, тогаш не сте направиле ништо посебно. Што и да правите, не правете го само за да го направите, стремете се да сте најдобри во она што го правите.

3. Јас

Ставете се себеси на прво место, бидејќи ако Вие не го направите тоа, никој друг нема да го направи. Сакајте се себеси!

4. Засекогаш

Некои пријателства ќе продолжат засекогаш. Дури и да поминале години од последен повик, кога ќе се видите не ќе можете да се одделите. Внимавајте на овој вид пријателства, бидејќи животот не дава многу такви пријатели. Со нив споделувате вредни моменти.

5. За кратко

Многу пријателства нема да продолжат долго и тоа е добро. Може крајот да е тажен и да ве тера да се чувствувате виновни, но не заборавајте дека не сите пријателства биле изградени за да го издржат тестот на времето. Секој е во твојот живот поради нешто и секој има причина да си замине. Сеќавајте се на Вашите моменти, и знајте дека тие Ве научија нешто за животот.

6. Не бидете многу сериозни

Не земајте го животот премногу сериозно. Што и да се случува, вечерта се ќе биде во ред. Одвојте си време за одмор и смеа. И понекогаш едноставно застанете и дишете, не можете постојано да бегате.

7. Животот е премногу краток

Не стојте така! Облечете ги вашите најубави облеки, земете ги чевлите и излезете со пријателите дури и да е три по полноќ. Не сум слушнала некој да има убави спомени од седење дома на каучот.

8. Правете го она што го сакате

Тоа не значи дека ќе е лесно или дека нема да имате стресни ситуации, но ќе биде полесно, бидејќи го правите со љубов. Не правете го тоа што родителите, општеството или кој и да е Ви го велат. Занимавајте се со она што вие навистина сакате. Следете го само и единствено своето срце.

9. Ве сакаат

Секогаш ќе има некој кој Ве сака повеќе од сè, некој кој би направил сè за Вас, некој кој има безусловна љубов токму спрема Вас. Запомнете, никогаш не сте сами. Вие сте сакани!

10. Патувајте

Користете го слободното време за патувања. Запознајте го светот! Откријте дел од себе насекаде. Една недела пијте Маргарита на плажа во Хаваи, потоа одете на ски падините на Алпите или пак едноставно фаќајте тен во дворот. Сè е подобро од ништо.

11. Никогаш не е крај на светот

Дури и да мислите дека небото паѓа врз Вас, тоа е само еден облак, а не генерално небото. Во овој живот нема ништо што да не може да се направи со напорна работа, поддршка и стремеж да бидете подобри и подобри.

12. Работите се едноставни работи, а споменот е спомен

Материјалните нешта се убави, но остануваат само нешта. Ако треба да избирате помеѓу патување или нова торба, брзо подгответе го багажот. На крајот на денот, по пет, по десет години, тоа ќе биде неверојатен спомен, а никој нема да се сети за онаа торба.

13. Не ја исклучувајте можноста за љубов

Треба да имате некој со кого ќе го споделувате живот, некој да ги прави деновите специјални. Се разбира дека и самите може да живеете прекрасно, но не ја заборавајте љубовта и не бегајте од неа. Љубовта може да дојде во секој еден неочекуван момент, неочекувано место, од неочекуван човек.

14. Животот е тежок

Се што навистина вреди, нема да дојде само и нема лесно да го добиете. Борете се.

15. Квалитет над квантитет

Да имате малку, но вредни луѓе околу себе секогаш е подобро отколку да сте опкружени со многу небитни луѓе.

16. Семејството над сè друго

Без разлика на тоа во каква фаза сте во животот, пријатели доаѓаат и си одат, но семејството секогаш е до Вас, цело време, без оглед на околностите.

17. Семејството секогаш значи крвна врска

Семејството секогаш се биолошките родители, тетки, чичковци, баби, дедовци, браќа, сестри… Семејството се оние луѓе кои влегуваат и остануваат во Вашиот живот. Нема разлика помеѓу човек со кого имате иста крв, и човек со кого сте се запознале случајно на улица, сето тоа се сведува на тоа како Вие го чувствувате тој човек.

18. Направете го тоа!

Направете го она што сите Ви велат дека не можете. Во сите фази од животот ќе има некој да се сомнева во вас. Не слушајте ги овие луѓе! Стремете се високо и сè повисоко, бидете секогаш мотивирани, извршувајте ги своите соништа, бидете бестрашни. Сакајте го животот и тој ќе ве сака Вас. Имате само еден живот и една шанса да постигнете сè што сте сакале. Нема ништо што нe може да направите.

Тоа се мали, но големи лекции за скромните 18 години. Дојде уште една нова година, нова авантура, нови возбудливи моменти, нови одлични спомени, гарнирани со малку легитимен алкохол.