Воен офицер, припадник на американската војска, половина од животот на својата ќерка го поминал преку океанот, учествувајќи во воени мисии.

Офицерот Ентони Тилмен, бил дислоциран во Кореја, за да служи на потребите на својата татковина, мисија „благодарение“ на која, Ентони поголемиот дел од своето време, бил оддалечен од своето семејство.

Но, овој викенд, неговата ќерка Кајла Тилмен дипломираше при средното училиште „Св. Тома Аквински“,  во Форт Лодердејл, Флорида, а гордиот татко, по овој повод, реши да ја изненади на самата церемонија.

Кога го здогледала сопствениот татко, кој го немала видено долго време, Кајла се шокирала и не можела да верува.

Срцезатоплувачкиот момент бил исполнет со бројни овации од публиката, која исто како девојката, била воодушевена од прекрасниот гест на Ентони.