Според најново медицинско истражување, подобрувањето на цревната микрофлора, може да ја намали и спречи состојбата на анксиозност. Во продолжение прочитајте која храна ви е потребна за таа цел.

Консумирањето на пробиотици, кои најмногу се застапени во ферментираните производи и балансираните диети имаат позитивно влијание врз решавањто на проблемот, но најново медицинско истражување дека сепак тие не се најдобар избор.

Всушност, научниците сега докажаа дека консумирањето на што повеќе овошје и зеленчук е најдобриот начин за подобрување на добрата бактерија, односно цревната микрофлора.

Истражувањето, направено од Медицинскиот универзитет „Џиао Тонг“, во Шангај, е уште едно во низата на неодамнешни медицински истражувања кои докажаа дека постои огромна поврзаност на менталното здравје со микроорганизмите кои се наоѓаат во желудникот.

Во проектот биле вклучени 1503 испитаници, притоа 2/3 од нив избрале пробиотици, односно јогурт, кефир, кисели краставички и слично, а останатиот дел избрале свежо овошје и зеленчук.

На крајот од истражувањето, пристигнале и резултатите. Односно, оние кои избрале пробиотици, до 46% успеале да се справат со анксиозноста, но оние испитаници кои избрале свежо овошје и зеленчук за консумирање, ја подобриле цревната микрофлора и ја намалиле анксиозноста за дури 87%.

Со тоа се докажало, дека овошјето и зелечнукот се најдобриот начин да се подобри добрата бактерија, а со нејзиното подобрување, автоматски ќе се намали или во иднина, и спречи состојбата на анксиозност, кој денес е застапена во огромна мера.