Иако штом вашето малечко ќе започне да ги трие очите, ќе помислите дека сега конечно ќе заспие, всушност започнува невозможната мисија.

Бебињата се неверојатно слатки и иако се потпираат на вашата помош и изгледаат ранливо, всушност тие имаат доволна моќ за да ве натераат и вие да останете будни покрај нив, доцна во ноќта.

Затоа, не е никакво изненадување зошто експертите во последните неколку години имаат полни раце работа, односно исцрпените родители вечно бараат одговори на нивните дилеми поврзани со нивните неодоливи новороденчиња.

Воедно, ќе се согласат дека најчесто поставуваното прашање е: „Зошто моето дете не сака да спие навечер?“

Одговорот на ова прашање би значело дека сте го откриле изворот, а кога ќе се открие изворот, лесно се решава било кој проблем, зарем не?

Добрата вест е што одговорот на ова најпоставувано прашање е многу поедноставен отколку што мислите.

Децата, според консултантот за спиење Луси Вулф, не се спротиставуваат на спиењето бидејќи не го сакаат или дека тоа е поврзано со нивната интелигенција.

Наместо тоа, причината број 1 зошто вашето дете не може да заспие навечер е бидејќи е премногу изморено.

„Телото се справува со недостатокот од сон и прекумерениот замор на различни начини. Процесот на спиење е определен од биолошкиот часовник и хормонските интеракции. А кога едно дете е претерано изморено, нивното тело доживува хемиски одговор. Тој одговор е кортизолот и адреналинот на системот, кои има две главни задачи: Го отежнува заспивањето и останувањето на телото во сон.

Она што е потребно да направиме е да се обидеме да го заспиеме детето, пред прекумерениот замор да настапи на сцена.

Вообичено истиот се манифестира со стискање тупаници, интензивно триење на очите, агитација т.е немир, протегање на екстремитетите или детето едноставно станува хиперактивно како сето да му е забавно.

Други пак деца немаат вакви негативни реакции, но можеби ќе бараат да гледаат телевизија и да ги галите во скутот.“- вели Луси.

Дали ова ви звучи премногу познато?

Според Луси, потребно е родителот да направи план за спиењето и да се обиде да го заспие пред тоа да започне да ги манифестира горенаведените знаци, што би значело дека започнува телото да го чувствува прекумерениот замор.

Потребно е спиењето да се направи во вистинско време, од биолошки аспект, наместо да се потпирате на спонатните заспивања.

Години / Временска разлика во часови меѓу дневната дремка и вечерното спиење/ Предлог до кое време треба да заврши дневното спиење

4-8 месеци: 2-2.5 часа- 17:00 часот

8-18 месеци: 3.5-4 часа: 15-15:30 часот

18 месеци- 3 години: +-4-5 часа- 14:30-15 часот