Многумина ставаат неколку зрна ориз во соларниците. Тоа е бидејќи оризот ја апсорбира влагата од солта. Според оваа логика ако вашиот мобилен телефон се навлажни, брзо ставете го во сад кој е полн со ориз.

Овој производ може да се користи и за греење при болки. Ставете ориз во крпа или торбичка и зашијте ја или добро заврзете, ставете ја во микробранова печка за да се стопли. Потоа ставете на болното место.

Со оризот може да се измијат садови со тесно грло. Ставете малку ориз внатре, додадете детергент и малку вода и протресете, потоа исплакнете.

Мелницата за кафе исто може да се чисти со ориз – едноставно ставате ориз и вклучете ја мелницата.

Ако сакате купеното овошје или зеленчук да созрее побрзо, ставете го во кутија со ориз.

Не фрлајте ја водата од оризот во која го готвите. Оставете ја да се излади и потоа користете ја како тоник за лице!