Рецепт:

Сушен глог можете да најдете во речиси секоја билна аптека, ако не можете да си го наберете свеж. Земате стаклено шише од еден литар и наполнете го со глог, три прста од дното. Дотурате ракија, додека не стигне до 900 мл. од обемот на шишето (важно е да не биде полно до горе).

Треба да отстои околу две недели во темнина, а потоа, почнувате да пиете по една голтка на ден, не повеќе, без да го вадите растението од шишето. Откако ќе го испиете подгответе нова доза на ист начин. За глог, како билка е препорачливо да се консумира подолг период, за да може да се откријат целосно лековитите својства и да го добиете саканиот ефект.