Секој од нас е загрижен за неговата иднина, во која насока ќе се движи нашиот живот и што ни подготвиле ѕвездите. Токму тарот картите го имаат одговорот на овие прашања.

Изберете ја картата која најмногу ви се допаѓа, а значењето на вашиот одговор може да го порнајдете веднаш под фотографијата.

Одговори:

Карта бр.1

Вие сте изморени од лажниот лицемерен свет кој ве опкружува. Секогаш сте биле праведни и полни со надеж, а не како останатите. Направивте повеќе грешки, главно поради оние кои не го заслужуваа ниту вашето внимание. Сега сте добро, но сте нервозни поради она што сте го изгубиле во минатото.

Доаѓа период во кој ќе постигнете внатрешен мир и хармонија. Ќе воспоставите повторно контрола врз вашите мисли и чувства, а конечно ќе запознаете и некој кој ќе научи како да живеете. Со оваа личност повторно ќе се чувствувате млади и исполнети со живот!

Карта бр. 2

Постојат огромни шанси вашиот живот конечно биде онаков каков што заслужувате. Вашите планови и соништа ќе се остварат, а ве очекуваат само радост и вистинска среќа. Годините што доаѓаат ветуваат само добри, позитивни работи и живеење на секој момент до максимум.

Сето за кое некогаш сте сонувале наскоро ќе се претвори во убава реалност, но бидете трпеливи и не се грижете. Вселената точно знае што ви има подготвено, едноставно почекајте уште малку.

Карта бр. 3

Многу пати сфативте дека вашиот најдобар пријател и во добро и во зло сте си самите вие. И ќе дојде време во кое ќе разберете дека човек може да се чувствува осамено дури и ако е опкружен со илјада луѓе. Вие сте прекрасна личност со големо срце и наскоро ќе запознаете друштво кое ќе се чувствува гордо што сте дел од нивниот живот. Конечно ќе се почувствувате сакани и ценети. Воедно ве очекуваат и бројни успеси на работното поле.

Карта бр. 4

Едноставно фокусирајте се на убавите нешта во животот и така ништо нема да пропуштите. Ќе пронајдете среќа на љубовното поле со личност која ве заслужува. Наскоро вашиот талент и креативност ќе ве издвојат од толпата, a ништо и никој нема да може да ви застане на патот, бидејќи во вас ќе се роди сила која ќе ве направи незапирливи.

Не може да се однесувате добро кон сите, но однесувајте се добро кон оние кои тоа го заслужуваат и кои се вистински среќни за вас и вашите успеси. Радувајте се на деновите кои доаѓаат, бидејќи истите ќе ве исполнат со голема радост, а лошите спомени од минатото ќе останат зад вас.

Карта бр. 5

Ќе настапат денови во кои ништо нема да оди според планираното, а вашата душа ќе се исполни со тага и меланхолија. Ќе се почувствувате тажни, но тоа ќе трае сосема кратко, бидејќи тука се вашите пријатели и најблиски кои ќе ве потсетат на вашата голема вредност, дури и кога нема да се чувствувате премногу самоуверено и среќно.

Иако ќе постојат и такви луѓе кои со нивните озборувања ќе се обидат да ви наштетат, сепак побројни во вашиот живот се луѓето кои ќе сакаат да ви помогнат. Така, по краткиот тажен период, ќе настапни сончево време, во кое благодарение на вашето трпение, вашата иднина ќе биде светла, а вие исполнети.