Елена од Јошкар-Ола, Русија, плете играчки и кукли за да ги красат најсветлите празници – Божиќ и Нова Година. И во нејзината приказна има малку магија. Таа е родена на 7-ми јануари и многу го сака прославувањето на празникот. Затоа пред неколку години решила да ги израдува најмалите, но и да ги восхити возрасните со нејзините плетени кутриња. Елена никогаш не прави копии и секоја нејзина играчка е уникатна и единствена.