Една од најчестите болести на локомоторниот систем е дископатија. Тоа е така, затоа што таа се појавува при оптоварување, траума или извртување на ‘рбетот. За да си помогнете во такви случаи, би можеле да си примените еден од следниве рецепти на проф. Мермерски:

Изрендајте на ренде еден стар кромид и 1 компир (средна големина). Измешајте ги заедно и додадете една 1 лажичка сол. Нанесете ја добиената мешавина на парче памучна крпа и ставете ја на болната површина. Оставете да отстои цела ноќ. Повторувајте ја оваа постапка 3 дена по ред.

Посипете 2 парчиња леб со сода бикарбона и натопете ги со оцет. Ставете ги на заболеното место на кичмата и оставете ги така неколку часа.

Ставете една лажица камфор во тегла и досипете со алкохол или со силна ракија. Потоа подолг временски период втријте го добиениот раствор на грбот и болните делови на ‘рбетот.