Животот на богатите е светлосни години далеку од животот каков што ние го познаваме. За нив не постои ништо невозможно и ништо што е прескапо. Но, колкумина се родени со ваква судбина?

Денес ќе ви раскажеме за ќерката на еден руски олигарх, која има само 19 години, но има сè, за кое сонува – прекрасен надворешен изглед, брендирана облека, сакан сопруг и неверојатно огромна сума на пари.

Уште на 15-годишна возраст, Дајана го започнува нејзиниото патешествие по светот, но не знае како изгледа јавниот превоз и никогаш се нема возено во метро. Како таа го поминува нејзиното секојдневие? Одговорот можеме да го најдеме во фотографиите на нејзиниот Инстаграм, каде има 300,000 следбеници.

Нејзиниот татко, Зијад Манасир, е основач на холдингот „Строигазконсалтинг“, а од 2009-та година, бизнисменост непрекинато се наоѓа на листата на Форбс, за најбогати луѓе на светот. Се проценува дека неговото богатство изнесува 3 милијарди долари.

Олигархот има 6 деца, а конкретно Дијана не крие дека е миленичка на нејзиниот татко и дека тој ја разгалува за секоја нејзина желба.

Младата девојка постојано пишува на нејзиниот блог, каде отворено зборува за нејзините проблеми и споделува впечатливи снимки и фотографии од бројните патувања по светот.

Таа се одликува и со извонреден моден вкус, при што на нејзиниот Инстаграм не може да се најдат било какви вулгарни разголени фотографии и притоа иако младите на нејзина возраст најчесто излегуваат и се забавуваат, таков не е случајот со Дијана.

Таа веќе 1 година е во брак со бизнисменот Ростик Багиров, кој фановите следбениците сметаат дека е подеднакво прекрасен како и неговата сопруга.

Багиров ја запросил Дијана кога таа имала само 17 години, при што поради фактот дека била малолетна, свадбата била одолжена за подоцна. Дијана себеси се смета и за вредна домаќинка, со тоа што неретко споделува и рецепти за готвење.

Покрај нејзиниот сакан, младата девојка е неразделан и со нејзиното куче Гетсби.