Лесно пригответе го овој чудесен напиток во домашни услови, кој брзо и ефикасно ќе го прочисти вашиот организам и ќе ви помогне да се ослободите од токсините. Неговиот богат вкус го прави дополнително извонреден!

Наталожувањето на токсините во телото е најчестата причина за појава и развој на различни заболувања, бидејќи токсините им штетат на природните процеси во организамот, при што човекот се чувствува исцрпено, а воедно неговиот имунулошки систем значително опаѓа.

Со цел да ги избегнете овие проблеми, ви предлагаме да пробате еден многу лесен домашен рецепт, кој е вистинското природно решение.

Витамински коктел за зајакнат имунитет и прочистен организам

Потребни состојки

  • 1 банана
  • 3 супени лажици изренадан ѓумбир
  • Половина исечено манго
  • Полвина портокал
  • 100 мл вода

Начин на подготовка и употреба

Додадете ги сите состојки во блендер и добро измешајте ги, до добивање на хомогена смеса. Доколку вашиот коктел е премногу густ, може да додадете уште малку вода. Доколку сакате да биде поблаг на вкус, додадете 1 кафена лажица мед.

Оваа вкусна витаминска „бомба“ се пие наутро и навечер, пред вашите оброци.