Додека поголемиот дел од образовниот систем успешно неуспеа во својата работа и вината за неснаоѓање во вистинскиот живот им ја префрли на учениците, етикетирајќи ги како неспособни, ова училиште во Америка ја превзема работата во свои раце.

Фактот дека учениците се пренатрупани со материјали како на пр. Некој историски настан што освен што ќе го запаметат тој час, нема особено да им послужи подоцна во животот, а имаат недостаток од општо знаење и знаење за корисни работи, како на пр. водење на сопствените финансии, плаќање данок и сексуална едукација.

Така, средното училиште Булит Централ во Шепердсвил, Кентаки стана Интернет хит со вклучување на конференција за упатство во возрасниот живот, во својата училишна програма. И сите им аплаудираат, а позитивните реакции се пропратени со коментари како Конечно некој го направи потребното!

Корисно-едукативната конференција беше насловена како “Ден на возрасните”, при која беа вклучени постари лица, припадници на армијата, скоро дипломирани студенти и возрасната група измеѓу, кои дојдоа со цел своето искуство да им го пренесат на учениците, а директорот на училиштето сето ова со восхит го документираше за Фејсбук.

За време на работилницата се дискутираше на прашања како што да се прави кога ќе ве застане полиција, како да смените гума, како да приготвите здрави јадења, а се допре и до финансиските теми, како правилно распоредување на буџетот и паметно користење на кредитните картички.

A еве и што шеговито, но со поента, предложи Интернет заедницата следно да се додаде во програмата:

  • Како ефективно да се преживее од плата до плата?
  • Апчиња: Не ги користете рекреативно
  • Кондоми: Пресиромашен си да си дозволиш да не ги користиш

Што вие би предложиле, доколку во нашата земја има ваква програма?