Најверојатно сите кога учат да готват, меѓу првите нешта е и правењето на палачинките, бидејќи се доста лесни за правење. А кога ќе го видите овој трик, ќе се запрашате зошто сте мислеле дека вие ги правите наједноставно, кога постоел и ваков начин?

Тео Мајклс смислил креативен и оригинален начин за печење палачинки и воедно го срушил рекордот во спремањето на овој десерт, правејќи 4 палачинки за само 2 минути. А како? Во микробранова!

Во прилог погледнете ја генијалната идеја на Мајклс кој покажува како е возможно палачинките да се направат толку брзо: (Со приготување започнува во 0:25 секунда)

Доколку сакате да го испорбате рецептот дома ќе ви бидат потребни следните состојки:

  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица сода бикарбона
  • ¾ шолја млеко
  • 2 лажици растопен путер
  • 1 јајце
  • 4 лажици масло

А за чекорите, само едноставноследете го видеото 🙂