Со неговиот дедо како инспирација, а тетоважите како мотивација, еден човек од Америка, си постави цел да донира 34 литри крв.

Според американскиот Црвен Крст, на секои 2 секунди, некому му е потребна крв. А бидејќи не постои вештачка крв и без истата не може да се живее, крвта мора да се земе од донатори.

За жал, само 37 % од американсата популација се подобни да донираат крв, а од тие 37%, помалку од 10% можат да донираат секоја година.

Затоа, еден човек знае од колку голема важност е донаторскиот процес. Станува збор за 27-годишниот Џош Тејпан, од Ванкувер, Вашингтон.

Пред 11 години, Џош го загубил својот дедо, Дејл, откако истиот бил инволвиран во сообраќајна несреќа со трактор, на нивната семејна фарма. 77-годишниот Дејл веднаш бил однесен во болница и таму останал неколку денови.

За време на неговиот престој во болницата, Дејл примил точно 34 литри крв.

За жал, и покрај направените трансфузии, Дејл починал. Но, донациите на крв не биле залудни, бидејќи луѓето кои ја донирале крвта, како и докторите, вложиле многу труд за да го спасат.

Сега, поради овој хуман гест направен кон неговиот дедо, Џош си поставил за цел на еден начин да се оддолжи на хуманите луѓе и медицинскиот персонал, така што ќе донира точно 34 литри крв, токму колку што примил неговиот дедо.

„Тој беше најтрудољубивиот човек што го знаев. Кога не работеше, помагаше на сите од семејството во домашните обврски. Секогаш беше пресреќен кога ќе нè видеше сите, особено нас, внуците.“– вели Џош за неговиот сакан дедо.

Целта што сега си ја поставил Џош е проследена со една извонредна тетоважа, која на еден креативен и многу оригинален начин ќе му помогне да го следи својот процес на донирање:

Секогаш кога ќе донира 3 литри, Џош ќе го исполни со црвена боја.