Неодоливото слатко кученце му помага на  својот вреден сопственик, внимавајќи на нивниот штанд за храна на прометниот уличен пазар во Кина.

Симпатична снимка направена во провинцијата Хебеи на почетокот на овој месец покажува како 7-месечниот ловец ја чува тезгата додека неговиот сопственик ги извршува другите обврски, што покажува дека кученцето иако мало, е сепак навистина зрело за неговата возраст.

Преслаткото кученце  наречено Да Хуанг или „Големото жолто“, може да се види како седи пред низата примамливи црвени урми и ореви, однесувајќи се супер пријателски кон купувачите. Во продолжение може да го погледнете неговиот труд во видеото подолу:

Видеото од 17 секунди на Да Хуанг – кое оттогаш стана вистински хит на Интернет, наводно е снимено од човекот по име Ванг, кој на 17 декември бил во посета на пазарот во градот Шиијажуанг. Тој вели дека преслаткото кученце го привлекло неговото внимание веднаш штом влегол во пазарот.

Неговиот сопственик имал неколку обврски што морал да ги изврши, па така го оставил кучето да се грижи за штандот. Според г-дин Ванг, кучето било многу „активно, но нежно“, а толку многу му се допаднало што истиот се вратил една недела подоцна, да му донесе пилешко месо, кое било сосема заслужено.